Утрински Весник
Свет

Постигнат договор меѓу Кина и Индија да ја повлечат војската од спорната граница на Хималаите

Постигнат договор меѓу Кина и Индија да ја повлечат војската од спорната граница на Хималаите

Министрите за надворешни работи на Индија и Кина, Субрамаџам Џаишанкар и Ванг Ји, постигнаа договор за намалување на тензиите по должината на границата меѓу двете земји на Хималаите, каде што во јуни се случи најтешката ескалација на повеќедеценискиот граничен спор.

АП наведува дека министрите се состанале во Москва и договориле повлекување на индиските и кинеските трупи од границата долга 3.500 километри, како и за одржување на соодветно растојание меѓу нив.

„Моменталната состојба во пограничната област не е во интерес на ниту една од страните“, беше наведено во заедничката изјава на двајцата министри.

Рок за повлекување на десетици илјади војници од пограничната зона не е утврден, но соговорниците се согласија дека двете страни ќе ги почитуваат сите постојни договори и протоколи за кинеско-индиските гранични прашања, ќе одржуваат мир во пограничната област и ќе избегнуваат какви било активности што можат доведат до ескалација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков