Утрински Весник
Македонија

Шилегов: Ќе обезбедиме компјутери за сите социјално загрозени деца да следат онлајн настава

Шилегов: Ќе обезбедиме компјутери за сите социјално загрозени деца да следат онлајн настава
Img 5587

Во средните училишта низ Скопје се спроведува анкета која ќе покаже колку деца немаат електронски уреди како таблети и компјутери за да следат онлајн настава.

Градоначалникот Петре Шилегов, вели дека за било што, градот може да нема пари – но средства за обезбедување на опрема за учениците, ќе најдат.

Img 5587

„Ќе најдеме средства. Многу е важно за што ги трошите јавните пари. Ние во Скопје имаме околу 24 илјади средношколци. Не се сите социјално загрозени. Ете да се 10 проценти. За мене, непоимливо е да не можеме да помогнеме на 2.000 семејства за своите деца да набават доволно квалитетни средства, за детето да ја следи наставата. За било што може да нема пари, за тоа мора да има пари“, рече Шилегов.

Резултатите од анкетата треба да бидат готови во скоро време, бидејќи наставата во училиштата треба да започне на 1 октомври.

„Во моментов се одвива анкетата која се спроведува низ средните училишта, во смисла за утврдување на социјалниот статус на учениците и неможноста да се следи онлајн настава. Откако ќе ја имаме таа анализа, градот ќе изнајде начин како да помогне на тие лица, тие дечиња кои што се од социјално-загрозени семејства, да дојдат до доволно квалитетна електронска настава“, додаде Шилегов.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Мицкоски: Скандалозно е што Битиќи им пишува на компаниите гласајте за СДСМ, затоа што ви даваме помош

Ковачевски: Гласањето на 8 мај почнува од нула – ве повикувам заедно да изградиме европска иднина

Зајкова: Гласот ЗА Коалицијата за Европска Македонија е глас за зачување на темелите на државноста и демократските вредности