Утрински Весник
Македонија

Постапка против одгледувачи на марихуана од Гевгелија, имале 380 стебла

Постапка против одгледувачи на марихуана од Гевгелија, имале 380 стебла

Гевгелиското основно јавно обвинителство започна постапка против четири лица, едно од селото Негорци и тројца од Гевгелија, поради сомнение дека сториле кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Осомничените во периодот од мај до септември годинава неовластено и заради продажба одгледувале марихуана на седум локации на местото викано Жабјак во близина на селото Негорци.

Тие засадиле по околу 100 семки од канабис, ги наводнувале, ги отстранувале непотребите листови и ги врзувале со манила за да не се скршат.

На 1 септември годинава, кога растенијата биле во фаза на цветање и со висина од 20 до 280 сантиметри, осомничените биле затекнати од страна на полицајци во намерата да ги соберат цветните завршетоци за да ги сушат. При тоа, вкупно биле пронајдени 381 стебло од растението канабис, односно по 95-96 стебла кај секој од осомничените.

Од страна на судија на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија, по барање на обвинителството, донесени се решенија со кои на осомничените им е определен куќен притвор во траење од по 30 дена.

Можете да прочитате

МНР: Се чека на потврда на идентитетот за да се утврди дали македонски државјанин е меѓу тројцата убиени во Боливија

Нов бран на измами преку Вибер – Еве на што да внимавате

ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Многу топло во Македонија уште претпладнево