Утрински Весник
Македонија

Поставени контејнери за е-отпад на четири локации во Општина Кисела Вода

Поставени контејнери за е-отпад на четири локации во Општина Кисела Вода

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Контејнери за одлагање електричен и електронски отпад беа поставени денеска во Општина Кисела Вода.

– Согласно потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода преку Одделението за животна средина и компанијата Елколект ДОО, контејнерите беа поставени на четири локации, и тоа кај маркетот „Кам“ во населбата Драчево и во Црниче, во УЗ Кисела Вода кај Мечкаров, кај детското игралиште спроти автобуската постојка и во УЗ Цветан Димов кај трансформаторот, соопштија од Општината.

Секретарот на Општина Кисела Вода Александар Алексовски денеска на терен разговарал со претставниците од оваа компанија која е лиценцирана за воспоставување функционален систем за постапување со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори.

Дополнително, како што соопшти Општината, согласно Меморандумот, и во основните училишта на оваа територија, како и во објектот на Општината, се доставени корпи за одложување на електричен отпад. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За 161 судија побарано утврдување одговорност, судовите со над 134.000 нерешени предмети

Полицијата вчера привела седум возачи кои возеле без да имаат положено

Свечена заклетва на 30.класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“