Утрински Весник
Економија

АЕК: Ќе се блокираат повиците од странски неидентификувани броеви, граѓаните да не одговараат

Масовни дојдовни повици од неидентификувани броеви од странство
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Скопје, 19 феверуари 2020 (МИА) – Телекомуникациските оператори ќе ги блокираат броевите од кои што кон  домашни корисници од претпладнето има голем број неидентификувани повици од странство и во текот на денов таквите повици ќе престанат, изјави за МИА директорот на Агенцијата зе електронски комуникации Сашо Димитријовски.

Во меѓувреме, како што советува, граѓаните не треба да одговараат на таквите повици што се регистрирани од корисници на двата мобилни оператора Македонски Телеком  и А1.

Screenshot

Димитријоски најави дека службите на АЕК ќе одржат состанок со мобилните оператори, како и дека наскоро на веб страницата на АЕК ќе биде објавено соопштение со конкретни насоки.

– Ова се злоупотреби што се случувале и во минатото, вакви јавувања имаше и минатата година. Совет до граѓаните е да не се јавуаваат, а опереторите ги регистрираат броевите, ги блокираат и повиците од нив ќе престанат во текот на денов, изјави Димитријоски.

Став за повиците за кои алармираа граѓаните преку социјалните мрежи, МИА побара и од операторите од каде исто така најавија дека дополнително ќе споделат информација.лв/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доделени наградите за најуспешни жени менаџерки за 2024 година

Избор на најуспешни жени менаџерки од земјава и регионот  

Ангеловска-Бежоска − Камер: Претпазливите политики на НБ клучни за одржувањето на макроекономската стабилност