Утрински Весник
Македонија

Посебен режим на движење за лицата со попреченост

Посебен режим на движење за лицата со попреченост

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – За лицата со попреченост нема да важи забраната за движење во периодот од 19:00 до 20:00 часот, од понеделник до петок, а во деновите на викенд од 11:00 до 13:00 часот. Оваа мерка ја донесе Владата на денешната 38-ма седница, на предлог на Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика.

Како што соопшти владината прес-служба, оваа мерка за дозвола на движење за лицата со попреченост се однесува и на лицата што ги придружуваат овие граѓани за време на дозволеното движење во наведените временски периоди. мд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање

Човечки труп пронајден во Вардар кај Демир Капија