Утрински Весник
Свет

Португалскиот претседател го распушти парламентот, избори на 30 јануари

Португалскиот претседател го распушти парламентот, избори на 30 јануари

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза денеска потпиша указ за распуштање на парламентот поради претстојните избори, соопштија од неговиот кабинет.

Предвремените парламентарни избори во Португалија се закажани за 30 јануари 2022 година, а претседателот Де Соуза ги закажа по поразот на малцинската социјалистичка влада при клучното гласање за буџетот за следната година.

Указот, како што се наведува, е потпишан на последниот ден од рокот за распуштање на парламентот, што мора да се случи најмалку 55 дена пред изборите, пренесува Ројтерс.

Можете да прочитате

Вадефул: Германија не бара совети од САД за демократијата

Италија го истражува Амазон за измама

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна