Утрински Весник
Македонија

Порталб: Бојкот на пописот – политички инструмент што меѓународните стандарди не го признаваат

Порталб: Бојкот на пописот – политички инструмент што меѓународните стандарди не го признаваат

Бојкотот е политички инструмент. Според препораките на Обединетите нации и Евростат, не се споменува дека пописот може да се бојкотира бидејќи тоа е неопходно за државата, граѓанската должност и законската обврска, велат поранешниот заменик претседател на Државната пописна комисија Абдулменаф Беџети и поранешниот член Дончо Герасимовски, пишува Порталб.мк.

Беџети за Порталб.мк изјави дека од позиција ректор, тој не сака да го коментира ова прашање, но кусо рече дека бојкотот е политички инструмент.

„Тие се политички коментари и од оваа позиција не се мешам во такви политички коментари. Позицијата на ректор на еден или друг начин ме ограничува да давам такви коментари. Сите оние кои сметаат дека овој процес е чист, грешат, тој е повеќе политички. Самиот бојкот е политички инструмент, без оглед на тоа кој го предлага“, рече Беџети.

Во меѓувреме, поранешниот член на пописната комисија, Дончо Герасимовски, во врска со ова прашање рече дека овој таканаречен бојкот е само за негово одложување, во спротивно не станува збор за друг вид на бојкот при попис, бидејќи бојктот на овој процес никаде не е споменат ниту се предвидени казни или мерки, ниту во препораките на Обединетите нации ниту во Евростат.

„Пописот никогаш не треба да биде политизиран, ниту па и сега“, вели Герасимовски додавајќи дека политизацијата претпоставува други политички структури и тела да се мешаат во процесот.

Тој потенцира дека пописот е долготраен процес кој се подготвува три до пет години, тоа чини многу средства и мора да биде професионално спроведен од страна на една институција која е професионална, надлежна и стручна.

Во меѓувреме, шефот на земјата, Стево Пендаровски, за бојкотот изјави дека не постои политичка терминологија што го користи терминот бојкот на попис. Можно е резултатите да не се признаат, но нема израз кој опишува повик на граѓаните да го бојкотираат пописот, рече тој.

„Инаку, ве уверувам дека не постои политичка терминологија што го користи терминот бојкот на попис. Не постои. Можете да не ги признаете резултатите, тоа е легитимно, но нема израз: ќе ги повикаме граѓаните да го бојкотираат пописот. Никогаш не сум чул да се случи такво нешто во европската политика. Сакам да излеземе со јасни ставови дека навистина сакаме да биде ова, не затоа што сакаме да сокриеме друга агенда“, рече претседателот Стево Пендаровски.

Што предвидува законот за бојкот на пописот?

Членот 51 од Законот за попис на населението, во врска со одбивањето да се обезбедат податоци или нивно неточно обезбедување, предвидува:

  • Физичко лице ќе се казни со парична казна од 200 до 300 евра во денарска противвредност за прекршок доколку одбие да ги даде податоците што му се побарани за Попис или ако даде неточни податоци (член 35 став (2)).

Во членот 48 се вели:

  • Физичко лице ќе се казни со парична казна од 200 до 300 евра во денарска противвредност за прекршок доколку, како учесник на Пописот, даде неовластено податоци од Пописот на трето лице или во својство на државен инструктор, регионален инструктор и попишувач, односно на член на Регионалната пописна комисија, нема да постапат во согласност со упатствата и инструментите за спроведување на пописот и овој закон.

А пак во членот 49 ставовите 1 и 2 е наведено:

  • Кој ќе уништи, прикрие, оштети, коригира или на друг начин ги прави неупотребливи податоците внесени во пријавата за регистрација, ќе се казни со затвор најмалку три години.
  • Ако делото од ставот (1) на овој член го стори учесник на Пописот или друго службено лице за време на спроведувањето на Пописот, тој ќе се казни со затвор од најмалку пет години.

Во оваа точка, околу фактот какви казни се предвидени за „бојкот“ на пописот македонската опозиција и шефот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, имаа различни ставови. ВМРО вели дека глобите се парични, а Симовски дека е предвиден затвор. Сепак, во законот, како што може да се види, има и парични казни  казни затвор, но овие казни се предвидени за различни ситуации. За одбивање да се обезбедат податоци се изрекува глоба до 300 евра, додека за посериозни повреди, како што се злоупотреба на податоци, уништување, прикривање, е предвидена казна затвор и до пет години.

Ако се вратиме наназад, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, првично рече дека ќе го бојкотираат пописот, потоа дека нема да ги признаат резултатите од пописот и конечно дека треба да се одложи за 6 до 12 месеци. Ако неговиот предлог не се земе предвид, Мицкоски рече дека ќе ги повика не само граѓаните овде, туку и дијаспората да потпишат за поништување на Законот за попис.

Иако неговото барање барем досега не беше прифатено, освен за кратко одложување на што се согласи претседателот Пендаровски, ВМРО-ДПМНЕ веќе започна иницијатива за собирање потписи од граѓаните.

Мицкоски рече дека неговата партија останува на ставот дека не треба да има попис со теренски посети во услови на пандемија.

Мицкоски ја отфрли идејата за комбиниран попис што ја спомена премиерот Зоран Заев, затоа што, како што рече, тоа повторно би значело посети од попишувачи од врата на врата и барање на матичен број.

Македонија последен пат спроведе попис во 2002 година

На 21 јануари, со 62 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден воздржан, Собранието го изгласа законот за попис на населението и домаќинствата во Република Северна Македонија.

Премиерот  Зоран Заев, најави дека во новата методологија на попис на населението ќе се вклучи и дел на попис во електронска форма. Тој истакна дека ќе има вкрстување на податоците од терен во електронска форма со податоците што веќе постојат во МВР и Фондот за здравство, така што ќе имаме целосна слика за потребните податоци. Заев оцени дека само електронската регистрација не е доволна за да се добијат целосни податоци.

Пописот е многу важен и неопходен процес за државата, тоа е глобален процес, затоа е иста методологија, исти дефиниции, исти стандарди. Податоците на земјата и податоците од секоја друга земја се споредуваат едни со други со цел да се види на кое ниво е земјата, да се види колку луѓе има, каква родова структура, каква е образовната структура и дали имаме напредок или развој во последните десет години, како и што да планираме за следните десет години.

Инаку, пописот се очекува да се одржи во периодот од 1 до 21 април 2021 година. Последниот попис во Македонија беше спроведен во 2002 година. Десет години подоцна или во 2011 година тој не беше одржан поради судири меѓу албанските и македонските политички партии за начинот на спроведување, соодветно за вклучување или не на граѓани кои привремено живеат во странство, а повеќето од нив се Албанци. Беа потрошени два милиони евра, а се водеше и предистражна постапка против двајцата лидери на тогашната владејачка коалиција, Никола Груевски и Али Ахмети за прекин на пописот, но таа постапка заврши без судски епилог.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ