Утрински Весник
Свет

Порошенко спречен да ја напушти земјата

Поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко, бил спречен да ја напушти Украина за да учествува на состанокот на НАТО во Литванија, соопшти фракцијата на неговата партија.

Порошенко двапати бил запрен на граничниот премин со Полска додека одел на состанок на Парламентарното собрание на НАТО, се наведува во соопштението, пренесе Ројтерс.

Украинските медиуми објавија дека Порошенко не можел да ја помине границата поради технички проблеми со дозволата што му овозможува да ја напушти земјата.

„Порошенко ги доби сите формални дозволи за излез од Украина и беше вклучен во официјалната делегација на украинскиот парламент за овој настан“, соопшти неговата парламентарна фракција „Европска солидарност“.

Можете да прочитате

Трамп на вечерата со дописниците од Белата куќа: „Кога ќе заминам, сите ќе банкротирате“

Брод со 11 европски туристи исчезна кај индонезискиот остров Сулавеси

Пожарите во Франција и Шпанија не стивнуваат, евекуирани над 220 илјади луѓе