Утрински Весник
Свет

Поранешeн менаџер на кампањата на Трамп се заканувал со самоубиство, сместен во болница

Поранешeн менаџер на кампањата на Трамп се заканувал со самоубиство, сместен во болница
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешниот менаџер на изборната кампања на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, Бред Парскале, е сместен во болница затоа што се заканувал дека ќе изврши самоубиство.

Според Си-ен-ен, настанот се случил вчера, а во моментот кога тој се заканил дека ќе си го одземе животот, Парскале бил сам во својот дом во Форт Лодердејл, Флорида, и бил вооружен со огнено оружје.

Неговата сопруга за сè ја известила полицијата, која по успешните преговори го извадила од куќата и го префрлиле во болница.

Минатото лето, Парскале е сменет од позицијата управител на кампањата на Трамп за претстојните претседателски избори во САД, но тој сепак задржал истакната позиција, иако од тогаш ретко се гледал во изборниот штаб на Трамп.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно

Екстремен студ на северот од Русија и Канада, затворени се училишта и градинки

Поплави во Шпанија, има мртви и исчезнати