Утрински Весник
Спорт

Поранешната гренд слем шампионка Вознијацки стана мајка

Поранешната гренд слем шампионка Вознијацки стана мајка

Поранешната светска тенисерка бро ј 1, Каролине Вознијацки стана мајка по првпат, повеќе од една година по нејзиното повлекување од тениските терени.

30-годишната данска тенисерка, која го освои Австралија опен во 2018 година, е во брак со поранешниот НБА кошаркар, Дејвид Ли, и на 11 јуни ја добиле првата ќеркичка, Оливија.

„Семејство од три члена“, напиша Вознијацки на социјалните мрежи.

Во својата кариера, Вознијацки освои 30 титули во сингл и помина 71 недела на првото место на ВТА листата. Ли, кој беше избран во првата рунда на НБА драфтот во 2005, одигра пет сезони во Њујорк никс и пет во Голден стејт вориорс, а играше и за Сан Антонио, Бостон и Далас, а во 2015 година ја освои НБА титулата со Вориорс.

View this post on Instagram

A post shared by Caroline Wozniacki (@carowozniacki)

> Поранешната гренд слем шампионка Вознијацки стана мајка <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина