Утрински Весник
Спорт

Поранешен шеф на Барса: Некој земал пари од клупската благајна

Поранешен шеф на Барса: Некој земал пари од клупската благајна

Барселона, 10 април 2020 (МИА) – Поранешниот потпретседател на Барселона, Емили Русо, кој вчера си подал оставка, е убеден дека некој присвоил средства од клупската благајна. Станува збор за случајот со набљудување на социјалните мрежи, кој беше проценет на 100 илјади евра, но платен е 1 милион евра

– Дали некој земал пари од клупската благајна? Не знам кој би можел да биде, но мислам дека е така. Кога ќе платите 1 милион евра за нешто во вредност од 100.000 евра, нема сомнеж за тоа. Плаќањето беше распределено на рати од по 200.000 евра за да се избегне потребата од одобрувањето од страна на Управниот одбор. Сега е отворена истрага која ќе покаже како се случило сè. Бартомеу веќе го знае ова. Темата за социјалните мрежи е валкана работа. Верувам дека некој зел пари од касата, но не знам кој. Но, убеден сум дека тој не е од Одборот“, изјави Русо за „Радио Каталонија“.

Виновник се смета дека е Жауме Масферер, кој беше симнат од функцијата претседателски советник на Пеп Марија Бартомеу токму заради случајот, познат како „Барсагејт“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шкупи ги упати првите „отровни стрели“ кон Сејдини и бара првиот човек на ФФМ веднаш да си замине

МЗТ Скопје поведе во финалната серија против Пелистер

Струга со пораз го прослави шампионскиот пехар, Шкендија ја зграпчи евро-визата