Утрински Весник
Македонија

Владата демантира дека е донесена Уредба за финансиска помош на МПЦ и ИВЗ

Владата му препорача на ЈО приоритетно да постапува по предметите во врска со одлуките и мерките за спречување на коронавирусот
300x250 (7)

Скопје, 10 април 2020 (МИА)Владата на Република Северна Македонија категорично демантира дека е донесена Уредба со која финансиски ќе се помагаат МПЦ и ИВЗ, како што објавија некои медиуми, што  како дезинформација се шири и на социјалните мрежи.
-Вистината е дека Владата на својата 38-ма седница донесе одлука за одобрување наменски средства на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски” – Скопје придружна членка на Универзитет „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, како и на Факултет за исламски науки – Скопје за реализирање на студиските програми на овие три институции за 2020 година, соопшти владината прес-служба.
Средствата, како што посочуваат од Владата, определени со оваа одлука се исклучиво за реализирање на студиските програми на овие три институции, и тоа согласно претходна одлука на Владата од 9-тата седница одржана на 16.02.2020 година, со цел да се обезбеди редовното и непречено функционирање на студиските програми за 2020 година (https://vlada.mk/node/20260), а не за финансиска помош за МПЦ и ИВЗ како што пренесуваат медиумите.
-Одлуката за одобрување наменски средства на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски” – Скопје придружна членка на Универзитет „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, како и на Факултет за исламски науки – Скопје за реализирање на студиските програми на овие три институции за 2020 година, е донесена врз основа на Законот за високото образование донесен во 2008 со кој овие институции се стекнаа со статус на приватно-јавни непрофитни високообразовни установи, се наведува во соопштението.
Согласно овој Закон, како што се посочува, средствата за финансирање на дејноста на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на Православниот богословски факултет и на Факултетот за исламски науки, се обезбедуваат покрај од средствата на основачите и од Буџетот на Република Северна  Македонија, како и од други извори определени со закон. дма/са/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Таравари-Ванхоуте: Европскиот пат на земјата ќе биде во сигурни раце 

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ УШТЕ ДЕНЕС И УТРЕ: Температурите ќе достигнат до 27 степени

(ВИДЕО) Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот!