Утрински Весник
Спорт

Пораз на Денвер, нов трипл-дабл на Јокиќ

Пораз на Денвер, нов трипл-дабл на Јокиќ

Никола Јокиќ забележа трипл-дабл, во поразот на Денвер од Минесота 107:124. Минесота со 23 тројки, 16 во првото полувреме, го наполни кошот на Денвер.

Јокиќ против Минесота забележа 27 поени, 10 скока и 11 асистенции. Актуелниот МВП го забележа четвртиот трипл-дабл во последните шест натпревари, вкупно 63 во кариерата. Србинот на вечната листа го мина Џејмс Харден на седмото место.

Пред него се само Вилт Џембрлен (78), Леброн Џејмс (101), Џејсон Кид (107), Меџик Џонсон (138), Оскар Робертсон (181) и Расел Вестбрук (189).

Минесота до победата ја предводеа Ентони Едвардс и Карл-Ентони Таунс, заедно постигнаа 70 поени. Едвардс уфрли 38, а Таунс 32 поени.



> Пораз на Денвер, нов трипл-дабл на Јокиќ <

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД