Утрински Весник
Македонија

Поради технички зафати, без струја делови од повеќе скопски општини

„ЕВН Македонија“ АД  информира дека, поради планирани техннички зафати во дистрибутивниот систем за електрична енергија, денеска без струја ќе останат:

– од 8 до 15 часот дел од корисниците од село Добри Дол (општина Сопиште);

– од 9 до 11 часот детската градинка „Орце Николов“, ул. Вич (општина Карпош);

– од 9 до 12 часот дел од корисниците на ул. Георги Скрижевски, дел од ул. Тасино Чешмиче (општина Центар);

– 9 до 15 часот корисниците од ул. Пекљане, парни броеви, од бр. 50 до бр. 74, и непарни, од бр. 47 до бр. 69 (општина Ѓорче Петров);

– од 10 до 12 часот корисниците на ул. Петар Манџуков, од 69 до 75, непарни броеви (општина Бутел); и

– од 10 до 16 часот корисниците од с. Средно Коњари, с. Горно Коњари, с. Дивље, с. Сушица, дел од с. Долно Коњари (општина Петровец).

Можете да прочитате

Средба на министерката Божиновска со амбасадорката на САД во Грција

ВМРО-ДПМНЕ: И ДЗР во 2024 констатирал неправилности во набавката на мазутот од 167 милиони евра за ТЕЦ Неготино

Приведен 19-годишник од Бојане кој завчера убил 18-годишник од истото село