Утрински Весник
Свет

Поради коронавирусот забранети лепезите на фестивалот во Салцбур

Поради коронавирусот забранети лепезите на фестивалот во Салцбур

Обожавателите на класична музика мора да се откажат од лепезите и да ја издржат топлината на Фестивалот во Салцбург, кој подготви детален план за заштита од коронавирус наместо да ги откажe настапите поради епидемијата на „Ковид-19“.

Годинашниот оперски, театарски и концертен спектакл во родниот град на Моцарт се смета за тест за другите големи културни настани во Европа.

Барањето да се воздржат од мавтање со лепезите на германски и на англиски јазик, е додадено на снимките што публиката ги слуша на почетокот на секоја изведба во Салцбург.

Мавтањето со лепезите може да шири заразни аеросоли наместо да бидат вовлечени од системот за климатизација“, рече извршниот директор на фестивалот Лукас Крепаз за dpa.

Мерката е една од последните во низата мерки на претпазливост насочени кон обезбедување непречено одвивање на фестивалот.

Публиката има на располагање само две третини од достапните места за да се обезбеди социјална дистанца и нема паузи со што се оневозможува дружењето на гостите.

Посетителите мора да носат маски кога влегуваат и излегуваат, а исто така треба да ги имаат на лицето во текот на целата претстава или концерт.

Сите уметници редовно се тестираат на коронавирусот и мора да водат дневник за своето здравје.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти

САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот

Тројца странски туристи и еден Авганистанец убиени од вооружени лица во Авганистан