Утрински Весник
Свет

Во Украина рекордни 1.592 новозаразени, министерот предупредува дека ситуацијата e напната

Во Украина рекордни 1.592 новозаразени, министерот предупредува дека ситуацијата e напната

Украина забележа рекордно дневно зголемување од 1.592 новозаразени во средата, соопшти Националниот совет за безбедност и одбрана.

Бројот на заразени во земјата нагло се зголеми во последните два месеци, бидејќи властите олеснија некои ограничувања со отворајќи ги кафулињата, црквите и јавниот превоз.

Министерот за здравство Максим Степанов ги повика граѓаните да ги почитуваат пошироките ограничувања кои остануваат на сила.

„Јас ќе инсистирам на строго придржување кон сите правила. Ситуацијата е многу напата“, рече Степанов на брифинг за новинарите.

Вкупниот број на регистрирани инфекции во земјата се зголеми на 86.140, вклучувајќи и 1.992 смртни случаи односно 46.216 опоравени до 13 август.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хакиран данскиот централен регистар, изложени податоците на 8,8 милиони лица

Расте бројот содржини на Интернет со сексуална злоупотреба на деца генерирани со вештачка интелигенција

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември