Утрински Весник
Свет

Поради Ковид-19 во Сараево почина млада мајка, три дена по породувањето

Поради Ковид-19 во Сараево почина млада мајка, три дена по породувањето
Ss2

Активистката Белма Шољанин (37), мајка на три деца, почина во Сараево како резултат на компликации предизвикани од коронавирусот.

Таа починала вчера, три дена откако родила син, јавија локалните медиуми.

300x250 (7)

Шољанин била заразена со коронавирус и била примена во просторија за изолација во 35. недела од бременоста. Откако се породила, повторно била префрлена во изолација. Но, не успеала да преживее и ја загубила битката по тешката пневмонија предизвикана од вирусот.

Белма Шољанин била ко-основач на Здружението и фејсбук-групата Центар за бремени жени и млади мајки, каде жени од цела БиХ и регионот барале совети и споделувале искуства за бременоста, породувањето, доењето и мајчинството…

Покрај нејзиниот новороден син, таа има уште две ќерки.

Локалните медиуми забележуваат дека пред Белма, БиХ изгубила уште неколку екстремно млади луѓе како последица од пандемијата и притоа го покренуваат и прашањето за општата одговорост, повикувајќи ги сите граѓани на БиХ да се запрашаат дали прават доволно за да се спречи загубата на млади животи.

Во текстовите се нагласува и дека покрај сите недостатоци на здравствениот систем во БиХ, личниот став кон пандемијата е веројатно најважното прашање во борбата против вирусот.

 

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба

Хутите истрелаа три проектили кон два брода во Црвеното Море – оштетија британски танкер

Хамас го добил и го проучува одговорот на Израел за предлогот за примирје во Газа