Утрински Весник
Магазин

Мадона пишува филм со сценаристката Диабло Коди

Мадона пишува филм со сценаристката Диабло Коди

Мадона носи промени во својата музичка кариера, но таа не ги напушта ниту нејзините кинематографски амбиции.

Поп иконата која ќе наполни 62 години следната недела, се појави на Инстаграм минатиот петок со видео на кое се гледа како напорно работи со Диабло Коди, сценаристка која доби „Оскар“ за најдобро оригинално сценарио за филмот „Џуно“ (2007).

Во црно-белиот видео клип, Мадона седи на софа а Диабло (42) пишува на лаптоп. Иако со ова наговестува дека пишува филм со сценаристката оскаровка, не открива детали на таа тема.

Кралицата на попот неодамна беше на насловните страници по одлуката да ја напушти издавачката куќа „Интерскоп“ поради нов договор за снимање со „Ворнер рекордс“, каде што всушност почна за прв пат.

Во опис на клипот таа напиша: „Кога си заглавен дома со повеќекратни повреди, што правиш? Пишуваш сценарио со Диабло Коди за…?“ Пред прашалникот, Мадона додаде емотикон отворена книга, проследен со симболи кои се однесуваат на правење филмови и музика.

Ова, се разбира, може да доведе до многу шпекулации – како на пример, Мадона можеби презема контрла и влегува во новиот тренд на музички биографии, и избира да напише свој филм-биографија пред некој друг да го стори тоа.

Слични филмови за музичките легенди Фреди Меркјури (“Боемска рапсодија“) и Елтон Џон (“Рокетмен“) заслужија пофални критики како и „Оскари“, а во подготовка се и филмски биографии за sвездите Арета Френклин и Витни Хјустон.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Трет Toп Ган: Том Круз повторно ќе го глуми Маверик

Принцот Хари наскоро патува во Британија, а овојпат со него би можела да биде и Меган

Синот на Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс тргна по стапките на славните родители