Утрински Весник
Свет

Поради зимската бура откажани над 2.700 летови во САД

Поради зимската бура откажани над 2.700 летови во САД

Авиокомпаниите денеска откажаа повеќе од 2.700 летови во САД, поради зимската бура што го погоди источниот брег.

Според сајтот за мониторинг на летови „flightavare.com“, денеска до 12:30 часот по локално време биле откажани над 2.700 влегувања и полетувања од САД, пренесува „Ројтерс“.

Според објавените податоци, повеќе од 1.500 летови се одложени.

„Американ ерлајнс“ има над 600 откажани летови.

Најтешко погоден аеродром во земјата е меѓународниот аеродром во Шарлот, Шарлот Даглас, кој останал отворен до зори, соопштија на брифинг аеродромските власта.

Сепак, повеќе од 1.000 летови до Шарлот денес се откажани, според веб-страницата flightavare.com.

Шарлот е главен воздушен центар во јужниот дел на Соединетите држави.

Голема зимска бура со комбинација од силен ветер и мраз го погоди источниот брег на САД, соопшти Националната метеоролошка служба.

Гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп, на „Твитер“ напиша дека луѓето треба да избегнуваат патувања кои не се неопходни во областите погодени од невремето.

Гувернерите на Џорџија, Вирџинија, Северна Каролина и Јужна Каролина прогласија вонредна состојба поради снежното невреме.

Десетици илјади корисници останаа без струја во Џорџија, Северна Каролина, Јужна Каролина и на Флорида, објави агенцијата АП.

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет