Утрински Весник
Македонија

Поради дрога, уапсени две лица во Охрид

Поради дрога, уапсени две лица во Охрид

Две лица, едното на возраст од 20 години а другото 32 години се уапсени поради сомнение за поседување на марихуана, соопшти охридската полиција.

Вчера во СВР Охрид, биле приведени лицата О.Д.(20) од Охрид и А.И.(32) од Скопје.

При контрола извршена околу 18 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, О.Д. исфрлил најлонска кеса со опојна дрога марихуана.

Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава, најави полицијата.

Можете да прочитате

Немам верба во државата – Таткото на судијата Ристов објасни зошто ги криел 350.000 евра во ѕид

10 возачи приведени, девет возеле без положен возачки испит

ВЛТ терминалите никогаш не проработеле – се чекале дозволи од УЈП и Министерството за финансии