Утрински Весник
Македонија

Поради доаѓањето на иселениците, ќе бидат отворени паркинзите во училиштата во Гостивар

Општина Гостивар: Продажбата на курбани е дозволена само кај Сточниот пазар
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Бидејќи капацитетот на јавни паркиралишта во градот Гостивар не ги исполнува потребите за време на престојот на иселениците во родниот крај, исто како и во изминтатите две години, општинските основни и средни училишта, и годинава ќе ги отворат портите и ќе овозможат нивните паркинзи да служат како бесплатен јавен паркинг, соопштија градските власти.

„Ова се прави со цел да им обезбедиме на нашите сограѓани подобри услови за време на нивниот престој во татковината“, се наведува во соопштението.

Општина Гостивар апелира до возачите, за време на престојот на иселениците, а што се поврзува и со престојните празници, да го редуктираат движењето со возила во централниот дел на градот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Последна седница на Собранието годинава, донесени повеќе закони по скратена постапка

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила

Објавен првиот „Македонски етимолошки речник“, издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“