Утрински Весник
Свет

(Видео) Хрват шверцувал кокаин во слики од Марадона

(Видео) Хрват шверцувал кокаин во слики од Марадона

Турската полиција вчера запленила 2,5 килограми кокаин на аеродромот во Истанбул, во слики на кои бил претставен портретот на легендарниот аргентински фудбалер, Диего Марадона.

Во соопштението на турските царински служби се наведува дека мажот (72), државјанин на Германија со хрватско потекло, бил фатен кога сакал да ја напушти земјата, а вредноста на запленетиот кокаин се проценува на околу 250.000 долари, објави „Њујорк пост“.

Граничната полиција ги проверила неговите куфери на рентген, а видеото покажало необична густина во сликите, што ги принудило службениците да ги продупчат сликите при што биле пронајдени пакетчиња кокаин.

Марадона почина на 25 ноември, на 60-годишна возраст.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Прин: Насилството на улиците покажува дека треба да се подобри интеграцијата на мигрантите во Германија

Пад на цените на нафтата по сигналите за можно дипломатско решавање на војната против Иран

Кремљ ги одби Американците: Враќање на испораките на гас за Европа преку Украина се невозможни