Експертите за диви животни тврдат дека половина милион ајкули можат да бидат убиени во обид да се најде вакцина против Ковид-19.
Скваленот, природно масло во црн дроб на ајкула, се користи како лек и како помошно средство за зголемување на ефикасноста на вакцината.
Исто така се користи во пробни вакцини за коронавирус.
Доколку лекот што содржи сквален е ефикасен и оди во пошироко производство од организацијата „Shark Allies“, тие веруваат дека ќе треба да бидат убиени околу 250.000 ајкули за да се обезбеди по една доза за секое лице.
Тој број се удвојува и станува застрашувачки ако на луѓето им требаат две дози на вакцина, наместо една за да бидат целосно вакцинирани против Ковид-19.
Half a million sharks may be killed in effort to make Covid vaccine, wildlife experts say https://t.co/tKg3P6uRPv
— Daily Mail Online (@MailOnline) September 28, 2020
Стефани Брeндл, основач и извршен директор на „Shark Allies“, рече дека земање на нешто од диво животно никогаш нема да биде одржливо, особено ако станува збор за предатор кој не се размножува во огромен број.
„Ние не се обидуваме да го забавиме или нарушиме производството на вакцини. Со потребни милијарди дози годишно во децениите што доаѓаат, клучно е да не се потпираме на ресурсите на дивиот свет”, напиша таа во објава на „Фејсбук“.
Групата покрена онлајн петиција со која се апелира да не се користат ајкули во вакцината против Ковид-19, туку постојни и долгорочни одржливи опции.