Утрински Весник
Македонија

Попладне пороен дожд и грмежи

Попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени. УВ=7

Во Скопје околу пладне и попладне променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. T= 30 °C, P= 974 hPa, U= 52 %, V= 3 m/s.

До петок времето ќе биде сончево и многу топло, со пораст на дневната температура. Во петок и за време на викендот ќе има појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.

Можете да прочитате

Настраданите во сообраќајката во Словенија се од општина Ценар Жупа

ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВЛЕН во „Бардовци“

Лефков: Дали Филипче се загрижи за личните интереси во врска со дата центрите па затоа шири паника