Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Помладите карате кадетки од Крива Паланка остварија две победи на турнир во Скопје

Помладите карате кадетки од Крива Паланка остварија две победи на турнир во Скопје
Img 7972

Крива Паланка, 16 февруари 2020 (МИА) – Кошаркарките од карате клубот „Крива Паланка”, генерација 2006 и помлади, денеска учествуваа на вториот турнир од лигата во организација на Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија што се одржа во салата „Дупка” во Скопје и остварија две победи.

Организатор на турнирот беше кошаркарски клуб „МЗТ Аеродром”, а учествуваа екипи од четирите клубови од групата Б: КК Крива Паланка, КК МЗТ Аеродром, КК Пробаскет, Пробиштип и КК “Клупски Патриот”, Делчево.

-Исклучително сме задоволни од нашите кошаркарски надежи во оваа генерација, девојчиња родени 2006 година и помлади, кои денес во двата одиграни дуели беа на висина на задачата. Мора да напоменам дека иако е во ек виреење на вирози, сепак дечињата имаа силна желба за игра и одиграа два одлични дуели. Со заокружување на резултатите од двата одиграни турнири во досегашниот тек од првенството, нашиот стручен штаб е задоволен од настапите на играчите, но факт е дека ни претстои уште многу работа и вложување многу труд, изјави тренерот Мирослав Ивановски.

Викендов се одиграа и останатите натпревари во групите А и В во оваа генерација девојчиња, а до крајот на сезоната 2019/20 ќе одигра уште два турнири, по што најдобрите екипи во трите групи и најдобро рангираната второпласирана екипа ќе играат завршен Ф4 турнир.

Селективен собир во генерацијата 2006/07 ќе се реализира во претстојниот период,а репрезентацијата М-14 летово ќе настапи на силниот турнир во Словенија, “Slovenia ball”. ид/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

„Божиновска: Вратите на Министерството се отворени за студентите – потпишан Меморандум со Машинскиот факултет“

Јанески: Силата е во нас – со чесна работа да го обновиме Крушево