Утрински Весник
Македонија

Донесени неколку закони по скратена постапка, продолжува седницата за самораспуштање на Парламентот

Почна седницата на која треба да се гласа законот за ЈО

Скопје, 16 февруари 2020 (МИА) – Собранието попладнево без расправа во рамки на 131. седница донесе неколку закони по скратена постапка.

Беа донесени Законот за заштита на личните податоци, измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиусмки услуги, измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците и Законот за управување со движењето на предметите во судовите, како и измените на Законот за урбано зеленило.

По ова, спикерот Талата Џафери ја прекина 131. седница и ја почна 137. седница со единствена точка на дневен ред – самораспуштање на Собранието.

Додека се носеа законите на 131. седница не беа присутни пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Тие повторно се вратија во пленарната сала штом почна 137. седница.

Во моментов се обраќа претседателот на Собранието како предлагач на одлуката за самораспуштање на Парламентот. бак/мч/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: И ДЗР во 2024 констатирал неправилности во набавката на мазутот од 167 милиони евра за ТЕЦ Неготино

Приведен 19-годишник од Бојане кој завчера убил 18-годишник од истото село

Денешното утро доста свежо со ветер и потпросечни температури