Утрински Весник
Магазин

Пол Макартни открива детали за карантинскиот албум

Пол Макартни открива детали за карантинскиот албум
300x250 (7)

Легендарниот британски музичар Сер Пол Макартни треба да издаде нов соло албум кој бил спонтано сниман девет недели во текот на самоизолација среде пандемија на Ковид-19.

Насловен како McCartney III, албумот ги следи McCartney I од 1970 и McCartney II од 1980, кои исто така ги снимаше сам, и е своевиден триптих.

„Само се зезав, никогаш не се сомневав, ниту една секунда, дека ова ќе биде албум“, рече ѕвездата во разговор со Мет Еверит од „Би-би-си 6 мјузик“.

Тој додаде дека на некои од песните има „одек на пандемијата“. Една од овие песни има стих: „Кога ќе дојдат студените денови, ќе посакаме да го искористивме денот“.

„Ова е за да се потсетам себеси, и секој што ќе го слуша албумов, дека треба да ги зграбиме добрите работи и да поминеме низ пандемијата“, рече тој.

Оптимизмот на Сер Пол е инспириран од искуствата на неговите родители за време на нападот на Ливерпул во Втората светска војна.

„Тие преживеаја“, рече 78-годишникот. „Тие го преживеаја бомбардирањето, многу луѓе го загубија животот, а сепак моите родители го надминаа тоа со неверојатен дух.

„Значи, добро е да размислуваме вака: „Ако тие можеле да го сторат тоа, и јас можам.“

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Со долгорочната прогноза за летото се најавува забрзано опаѓање на топлиот циклус и пристигнување на ладниот

Во новата сезона на „Симпсонови“ убиен еден од важните ликови од серијата

Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од својата програма на Месечината