Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Вчерашната бројка е вина на Комисијата која треба да се замени со нова

Најголем дел од заболените изминатата недела се лица над 60 години
Ss2

Секој ден е нов пик, вчерашната бројка од 641 заболени е вина на Комисијата, која треба да се замени со нова Специјална комисијата од експерти, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соооштение.

„Власта и Комисијата за заштита од заразни болести немаат никаков кредибилитет и не можат да се справат со корона кризата. Секој четврти тестиран во Македонија е болен од КОВИД. Вчерашната бројка од 641 новозаболени е доказ дека ништо од тоа што власта направи нема ефект. Секок ден е нов пик. Комисијата за заштита од заразни болести потфрли и од првично најавуваните 2.000 заболени за цела пандемија, сега имаме 2.000 за само една недела.
Власта предлага несуштински мерки за борба против пандемијата, уште од самиот старт во март пристапот е погрешен и политикантски.

300x250 (7)

Комисијата за заштита од заразни болести е главниот виновник за високиот број на заразени и починати. Комисијата наместо стручност демострираше политика. Токму затоа е потребно формирање на Специјална комисија која ќе биде составена од професионалци, експерти во своите области кои здравјето и интересот на граѓаните ќе ги стават пред лично партиските интереси на партијата на власт.

СДСМ нема капацитет да биде во функција на граѓаните и овој пат одлучи да партизира се до крај. Потребен е систематски пристап кој ќе резултира за подобрена општа здравствена состојба и силна економија“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Мицкоски и ДПМНЕ играат опасна игра која ќе стави крај на европската, но и демократската перспектива на земјата

Скандалозна порака на владиката Петар: Внимавајте за кого ќе гласате

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски дома (фото)