Легендарниот британски музичар Сер Пол Макартни треба да издаде нов соло албум кој бил спонтано сниман девет недели во текот на самоизолација среде пандемија на Ковид-19.
Насловен како McCartney III, албумот ги следи McCartney I од 1970 и McCartney II од 1980, кои исто така ги снимаше сам, и е своевиден триптих.
„Само се зезав, никогаш не се сомневав, ниту една секунда, дека ова ќе биде албум“, рече ѕвездата во разговор со Мет Еверит од „Би-би-си 6 мјузик“.
Тој додаде дека на некои од песните има „одек на пандемијата“. Една од овие песни има стих: „Кога ќе дојдат студените денови, ќе посакаме да го искористивме денот“.
„Ова е за да се потсетам себеси, и секој што ќе го слуша албумов, дека треба да ги зграбиме добрите работи и да поминеме низ пандемијата“, рече тој.
Оптимизмот на Сер Пол е инспириран од искуствата на неговите родители за време на нападот на Ливерпул во Втората светска војна.
„Тие преживеаја“, рече 78-годишникот. „Тие го преживеаја бомбардирањето, многу луѓе го загубија животот, а сепак моите родители го надминаа тоа со неверојатен дух.
„Значи, добро е да размислуваме вака: „Ако тие можеле да го сторат тоа, и јас можам.“