Утрински Весник
Свет

Полска почна да ја дава вакцината на „Џонсон и Џонсон“

Полска почна да ја дава вакцината на „Џонсон и Џонсон“

Полска денеска почна да вакцинира со вакцинте на фармацевтската компанија „Џонсон и Џонсон“ бидејќи процената на владата и здравствените власти е дека вакцината има поголема придобивка отколку потенцијален ризик, објави „Ројтерс“.

Федералните власти на САД во вторникот препорачаа да се прекине употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ најмалку неколку дена бидејќи шест жени на возраст под 50 години добија згрутчување на крвта по приемот на една доза.

„Во случајот со ‘Џонсон и Џонсон’, денес е првиот ден кога ја користиме вакцината. Не добивме никаков сигнал дека има проблеми, ниту дека некој пациент одбива да ја прими“, рече Михал Дворчик, владин претставник што ја надгледува кампањата за вакцинација.

Можете да прочитате

Трамп пред избори: Над 20 милиони пензионери ќе добијат 90 долари на своите сметки

Млада лаборантка почина од чума во Русија, речиси 200 лица под медицински надзор

Русија погоди уште еден важен мост во Киев