Утрински Весник
Македонија

Полицијата растури забава во викендичка во Волково, пронајдена е и дрога

Полицијата растури забава во викендичка во Волково, пронајдена е и дрога

Полицијата вчера растури забава во викендичка во скопско Волково.

Приведени се 29 лица, меѓу кои ди-џејот и сопственикот на објектот.

Сите биле однесени во полициска станица, поради сомневање дека сториле кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Полицајците постапувале по претходни оперативни сознанија.

„При претрес, кај ди-џејот била пронајдена и прашкаста материја. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.

Ова е втора забава во изминативе два дена која е прекината од полицијата. Во петокот, во стан во Скопје беа уапсени 13 лица кои биле фатени како слават, спротивно на забраните од Владата. И овде беа пронајдени поголема количина дрога, пакувања кокаин, марихуана, екстази, амфетамини и друга дрога.

Во пресрет на новогодишните и божиќни празници, Владата забрани собирања и групирања со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најави зајакнати контроли во идниот период.

(Фото: Илустрација)

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Абази пред заминување го заокружи своето работење за СДС и ДУИ и го спаси Филипче

СДСМ: Мицкоски и Клековски шират паника со тоа што шест недели не објавуваат документот за водата во Гостивар

Денеска топло време и високи температури но и услови за локално невреме