Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Полицијата растури забава во викендичка во Волково, пронајдена е и дрога

Полицијата растури забава во викендичка во Волково, пронајдена е и дрога
Img 7972

Полицијата вчера растури забава во викендичка во скопско Волково.

Приведени се 29 лица, меѓу кои ди-џејот и сопственикот на објектот.

Сите биле однесени во полициска станица, поради сомневање дека сториле кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Полицајците постапувале по претходни оперативни сознанија.

„При претрес, кај ди-џејот била пронајдена и прашкаста материја. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.

Ова е втора забава во изминативе два дена која е прекината од полицијата. Во петокот, во стан во Скопје беа уапсени 13 лица кои биле фатени како слават, спротивно на забраните од Владата. И овде беа пронајдени поголема количина дрога, пакувања кокаин, марихуана, екстази, амфетамини и друга дрога.

Во пресрет на новогодишните и божиќни празници, Владата забрани собирања и групирања со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најави зајакнати контроли во идниот период.

(Фото: Илустрација)

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ

Филипче од Охрид: Да кренеме глас и да се бориме против самоволието на ДПМНЕ