Утрински Весник
Македонија

Полицијата растури домашна забава во Скопје

Полицијата растури домашна забава во Скопје

Синоќа во 01.28 часот по добиена пријава, полициски службеници извршиле контрола во стан на булеварот 8 Септември, во кој престојува П.П.(25).

При контролата, покрај П.П., биле затекнати уште седум лица на домашна забава, на возраст од 25 и 26 години и било констатирано дека не се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на Ковид-19.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Можете да прочитате

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните