Утрински Весник
Македонија

Заев: СДСМ е фаворит на локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја дозакопа неговата „султан партија“

СДСМ е фаворит на локалните избори, затоа што граѓаните, јавноста, сите знаат дека напредок и развој е возможен само со СДСМ, вели премиерот и претседател на владејачката партија, Зоран Заев.

„Заедно со граѓаните ги креираме мерките и политиките што гарантираат развој и напредок и подобар квалитет на живот за сите. Сѐ што тие ќе побараат ќе биде нотирано и анализирано, а проектите кои се реални и остварливи ќе бидат дел од предизборната програма, а понатаму од Програмата за работа на општината“, истакна Заев.

Како што рече, СДСМ покажале дека за нив изборот важи и ќе го покажуваат тоа и во иднина и на централно и на локално ниво.

Можете да прочитате

КЛУЧ ОД МОТОР ПОВРЗАН СО УБИСТВО ПРОНАЈДЕН КАЈ 33-ГОДИШНИК: Во домот имал бомба, два пиштоли и 240 куршуми

Охрид по 11 години ќе го добие затворениот базен, обезбедени 470 милиони денари за довршување

Левица: ФЗО го скрати боледувањето на 5 дена – правата на работниците мора да бидат заштитени со закон, а не со правилник