Утрински Весник
Македонија

Полицијата приведе 50 илегалци кои работеле како градежници кај Стара железничка

Полицијата приведе 50 илегалци кои работеле како градежници кај Стара железничка
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Полицијата откри 50 градежници, странци без регулиран престој, на градилиштето зад „Рамстор“ кај Стара железничка во Скопје. Сите педесетмина се приведени.

„Денеска во Скопје, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север при БЈБ – МВР спроведоа контрола на градежни објекти на странска фирма помеѓу булеварот ’Кирил и Методиј’ и улицата ’Јордан Мијаклов’ поради сомнение дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Република Северна Македонија. Притоа, на објектите биле затекнати околу 50 странски државјани кои немаат регулиран престој и кои работат непријавени. Тие биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат до МВР.

Нагласуваат дека ова се првичните информации, а на случајот сѐ уште се работи. Од МВР не прецизираат во која градежна компанија работеле градежниците и велат дека сѐ уште се работи на утврдување на деталите.

Најголемото градилиште во овој дел на Скопје е на турската компанија „Лимак“ која се претставува како една од најголемите градежни компании во светот, а кај Стара желеничка треба да изгради подземна сообраќајница и голем станбено – деловен комплекс со четири дваесеткатници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата