Утрински Весник
Македонија

Полицијата првпат на локалните избори ќе го озбезбедува транспортот на доверливиот избирачки материјал

Полицијата првпат на локалните избори ќе го озбезбедува транспортот на доверливиот избирачки материјал

Полициски службеници првпат на претстојните локални избори ќе го озбедуваат доверливиот материјал, вклучувајќи ги и апаратите за вчитување на отпечатоците од прсти на гласачите. Ова е дел од Правилникот за начинот на постапување на полицијата на изборите што го усвои Државната изборна комисија (ДИК), а е изготвен во соработка со МВР.

Членот на ДИК, Борис Кондарко појасни дека полицијата до Избирачките одбори ќе го обезбедува транспортот на гласачките ливчиња и избирачкиот список, а за првпат со измените на законот, и техничката опрема за гласање за идентификација преку отпечаток од прст.

На денешната седница на Државната изборна комисија (ДИК) усвоено е и упатство за гласање на болните и изнемоштените лица кои ќе гласаат како и досега со примена на УВ ламба и спреј и за кои нема да се користат терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти. Барањето и медицинските документи тие треба да ги достават до подрачните единици и канцеларии на ДИК или преку полномошник и по електронски пат.

Можете да прочитате

Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден, вирусот стигна и во Куманово

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на нејзино затрупување

Мицкоски за „Брајтбарт њуз“: Направивме многу отстапки за ЕУ, но, за жал, нè предадоа и нè излажаа