Утрински Весник
Македонија

Полициско возило удрило во пешак во Велес

Полициско возило удрило во пешак во Велес

75-годишен велешанец бил тешко повреден по удар од патничко возило сопственост на МВР а управувано од полициски службеник од Велес.

Според полицијата, вчера во 07.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Панко Брашнаров“ во Велес, патничко возило „Шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник В.А.(25) од Велес, удрило во пешакот Д.Т.(75) од Велес.

Во незгодата Д.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Можете да прочитате

Коцевски во Кочани: Оддадена почит на жртвите од „Пулс“

Опожарени автомобили во Тетово и на автопатот кон Гостивар

Тошковски: Македонија и институциите покажаa исклучителна професионална подготвеност во справувањето со трагедијата во Кочани