Утрински Весник
Македонија

Полицискиот час наместо од 16 од 19 часот, за викенди од сабота од 15 до понеделник до 5 часот

Полицискиот час наместо од 16 од 19 часот, за викенди од сабота од 15 до понеделник до 5 часот

Скопје, 22 април 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски ги објави новите олеснети мерки донесени на денешната влчадина седница во врска со забраната за движење поради спречиување на ширење на коронавирусот,

-Штотуку донесовме важни одлуки на седница на Влада. Почнувајќи од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето. Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро. За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне. Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот.,напиша Спасовски на фб профилот,

Се намалува, додава тој, и ограничувањето на движење за време на викендите.

-Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро. Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро. Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот., стои на фб статусот на Спасовски и воедно се најавува прес – конференцоија за повеќе деталиво 17 часот. вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”