Гостивар, 11 април 2020 (МИА) – Првите 24 часа од полицискиот час викендов во Гостивар поминаа без регистрирани прекршувања на забраните за движење. Локалната самоуправа преку волонтери доставува храна и лекови.
Од Општина Гостивар информираа дека изминативе 24 часа во кризниот штаб се јавиле триесетина граѓани. Ним преку мобилните екипи им се примени барањата и се набавени потребните храна и лекови
– Преку оваа услуга, Општината им помага на граѓаните кои не се во можност или имаат вонредна потреба да добијат храна или лекови. Трошоците за набавката ги сносат граѓани, изјави Јасин Демири од Општина Гостивар и потенцираше дека оваа услуга е активна за време на викендот, а во работните денови таа ќе функционира со почетокот на полицискиот час.
Демири апелираше до сограѓаните да продолжат со почитување на ограничувањето на движењето, а за нивните потреби Општина Гостивар ќе одговори позитивно. За таквите потреби гостиварци можат да се јават на телефонските броеви: 072 577 713 и 072 577 741
Во градот за овој викенд работат три аптеки, неколку маркети и угостителски објкети кои имаат можност да доставуваат нарачки.
Kризниот штаб на Гостивар, во согласност со своите надлежности, на неколку економски оператори им издаде дозволи за работа за време на полицискиот час за овој викенд. Доколку граѓаните имаат итна потреба од храна, хигиенски, прехранбени производи или лекови, набавката и доставата ќе ја извршат волонтери и други лица кои имаат дозвола за движење.
Ова е списокот на маркети и угостители што локалната власт го објави на официјалната веб-страница:
Елкос Груп ЕТЦ – 071-240 804
Маркет „Деликатес“ – 078 / 456-875
Маркет„Фикри Компани“ – Форино – 070 / 444-462
Маркет „Абаз Комерц“ – Чегране – 070 / 875-506
Маркет „Ермија“ – 070 / 204-847
Ема логистикс: 071 / 686-666
Али Маркет: 070/553 071
Пица деливри Кинг: 078/886 996
Пица Хаус: 070/800 350
Пица Твинг Твинг – 078 346 501
Пица Сити – Чегране – 070 643 111
Пица Розафа – 071 966 094
Ресторан „Игнација“: 078/365 771
Аптеките ќе работат во текот на викендот со дозволи за работа кои ги издава централната власт. згм/хс/