Утрински Весник
Свет

Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд не доби смртна казна

Дерек Шовин, поранешен американски полицаец кој го уби Афроамериканецот Џорџ Флојд, избегна смртна казна откако судијата ја прифати спогодбата за признавање вина, јавува Си-Ен-Ен.

Шовин нема да биде осуден на смрт, туку ќе добие затворска казна од 20 или 25 години. Опсегот на казната за полицаецот од Минеаполис беше наведен во спогодбата за признавање вина поднесена пред неколку месеци.

Шовин беше осуден за убиството на Флојд во 2020 година. Тоа е случај кој предизвика големи протести во САД и укажа на полициската бруталност кон Афроамериканците.

Можете да прочитате

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа

Папата Лав ги повика САД да не се обидуваат со воена сила да го соборат Мадуро