Утрински Весник
Свет

Несреќен случај е бесењето на Мексиканката на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико, покажа обдукцијата

Обдукцијата покажала дека Мексиканка пронајдена обесена на граничниот ѕид во Аризона случајно се задушила, кога се заплеткала во опрема за качување обидувајќи се да го премине ѕидот на американско-мексиканската граница.

Во извештајот се наведува дека Гризелда Анаис Вердуцко Армента (31) била пронајдена обесена на граничниот ѕид, заплеткана во јаже и друга опрема за качување. Се додава дека имала скршеница на ‘рбетот, гребаници на главата, торзото и екстремитетите.

Канцеларијата на шерифот на округот Кочиз соопшти дека жената била пронајдена на 11 април како виси наопаку на ѕид во близина на Даглас, Аризона некое време и дека трагите на нејзиното тело покажуваат дека некој се обидел да ја реанимира, објави ABC News.

Можете да прочитате

Шефот на чешката разузнавачка служба: Русија би можела да го тестира НАТО со напад врз Балтикот

Над 30 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Пакистан

Русија со драматично предупредување: Напуштете го Киев веднаш!