Утрински Весник
Спорт

Политички притисок врз УЕФА: Исфрлете ги руските и белоруските функционери

Владите на дури 35 европски земји побараа од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, да ги избрка претставниците на Русија и Белорусија од органите на Европската фудбалска унија, објави денеска британски „Дејли Мејл“.

dobivaj vesti na viber

Барањето најмногу се однесува за Александар Џуков, руски бизнисмен, кој е и претседател на Управниот одбор на „Гаспром“, претседател на фудбалскиот клуб Зенит и претседател на Руската фудбалска федерација.

Покрај Џуков, функции во УЕФА имаат и поранешните членови на КГБ Олег Дерипаска и Сегеј Приадкин.

Како што пренесува „Дејли Мејл“, во иницијативата против руски и белоруски функционери покрај Велика Британија учествуваат и Франција и Германија, а причината е војната во Украина.

Русија и Белорусија имаат 22 претставници во органите и панелите на УЕФА, а бидејќи националните сојузи на овие две држави се исфрлени од еврокуповите, логиката на повеќето европски земји е дека истите мерки треба да се применат и за официјалните лица.

Како што изјавија од Украина, во акцијата на руската армија биле уништени дури 100 спортски објекти.

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0