Утрински Весник
Свет

Покрај ковид-пасоши, ЕУ разгледува и друга опција за патниците од Западен Балкан

Покрај ковид-пасоши, ЕУ разгледува и друга опција за патниците од Западен Балкан
Dik 300x250 mk

Европската комисија соопшти дека работи на предлог што ќе ги промени сегашните препораки за забрана на несуштинско патување на граѓаните од Западен Балкан во ЕУ.

Брисел потсетува дека со цел да се потисне пандемијата и ширењето на новите видови на вирусот, во моментов на сила се ограничувања, кои се однесуваат на неважни патувања во ЕУ и кои се однесуваат и на земјите од Западен Балкан.

„Работиме на промена на овие препораки. ЕК работи на нов предлог за промена на состојбата за патниците од Западен Балкан“, изјави портпаролот на ЕК, Адалбер Јанц.

Јанц нагласува дека на овој предлог се работи паралелно со веќе презентираниот предлог за издавање дигитални т.н. зелени сертификати, како за граѓаните на ЕУ, така и за државјани на трети земји кои легално престојуваат во ЕУ.

„Во моментов, дигиталните сертификати (планирани за на лето) не го менуваат фактот дека ограничувањата за неважни патувања се и натаму на сила во ЕУ“, нагласи Јанц.

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп