Утрински Весник
Свет
Img 7972

Познат идентитетот на децата убиени во масакрот во Тексас

Img 7972

Неколку часа по масакрот во основното училиште во Тексас, почнаа да пристигнуваат информации за жртвите. Полицијата потврди дека загинале 19 деца и двајца возрасни, а неколку деца се тешко повредени. Медиумите јавуваат дека се идентификувани првите жртви.

Узија Гарсија е осумгодишно дете убиено во нападот, потврди неговото семејство.

„Најслаткото момче што некогаш сум го познавал“, изјави неговиот дедо Мани Ренфро за Асошиетед прес.

Мајката била на училиште непосредно пред масакрот

Друга идентификувана жртва е 10-годишниот Ксавиер Хавиер Лопез.

– Тој беше само 10-годишно момче кое уживаше во животот, без поим што ќе се случи денес. Постојано се шегуваше, сакаше да танцува со браќата, мајка му. Ова е многу тешко за сите нас – изјави роднината на убиениот Ксавиер.

Неговиот братучед открил за АБЦ Њуз дека момчето и неговата мајка биле на училиште само неколку часа пред нападот на доделувањето на наградите. Мајка му тогаш го видела последен пат.

Убиена е и десетгодишната Амери Џо Гарза.

Амери Џо наполни 10 години пред две недели, изјави нејзиниот татко Ангел Гарза (Ангел).

– Ви благодарам на сите за молитвите. Мојата мала љубов сега лета високо со ангелите. Никогаш не земајте ништо здраво за готово. Особено времето што го поминувате со вашите семејства. Прегрнете го вашето семејство. Кажете им дека ги сакате. Те сакам, Амери Џо – изјави Гарза за АБЦ, пренесуваат медиумите.

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија