Утрински Весник
Спорт

Големи немири во Тирана во пресрет на мечот Рома – Феенорд, 12 полицајци во болница

Во пресрет на вечерашниот натпревар помеѓу Рома и Феенорд во финалето на Конференциската лига, големи нереди имаше во Тирана, градот домаќин на финалната пресметка. Вкупно, повеќе од 60 лица се уапсени, а најмалку 12 полицајци завршиле во болница поради повреди.

Двајца полицајци се со тешки повреди, исто како и еден локален граѓанин.

Низ улиците на Тирана имало жестоки пресметки меѓу навивачите на Рома и на Феенорд, но и со полициските сили.

> Големи немири во Тирана во пресрет на мечот Рома – Феенорд, 12 полицајци во болница <

Можете да прочитате

ПСЖ против Астон вила ќе играат за Суперкупот на УЕФА

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид