Утрински Весник
Македонија

Пожар меѓу селата Рибарци и Паликура

Пожар меѓу селата Рибарци и Паликура

Кавадарци, 25 февруари 2020 (МИА) – Пожар избувна на неколку места меѓу селата Рибарци и Паликура. Од Територијалната противпожарна единица Кавадарци за МИА потврдија дека на терен се три тима пожарникари со три возила.

Горат сува трева, шамак  и грмушки, но пожарникарите прават напори огнот да не се прошири и да го локализираат.

Апелираат за внимателност при горење на отпад од нивите, особено на ветровито време. На самото место е и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.свд/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Салаи: Без политичка волја нема борба против корупција

Театар Штип со бесплатна изведба го одбележува 27 март – Светскиот ден на театарот 

Тасева: Живееме во „заробена држава“ – институциите се во служба на елитите