Утрински Весник
Македонија

Пожарот на депонијата кај Добрашинци во најголем дел е изгаснат

Пожарот на депонијата кај Добрашинци во најголем дел е изгаснат

Струмица, 19 јуни 2020 (МИА)-Големиот пожар кој избувна завчера на депонијата кај селото Добрашинци, во која се одлага отпадот од општините Струмица и Василево, во најголем дел е изгаснат, информира Бранко Ѓоргиев од ЈПКД „Комуналец“-Струмица.

-Во најголем дел, околу 80 отсто, пожарот на депонијата е изгаснат. Очекуваме до крајот на денот целосно да го изгаснеме и со тоа да престане чадењето. Во гаснењето е вклучена наша и позајмена механизација, како и камиони со кои истураме песок на најкритичните делови на депонијата коишто се зафатени од пожарот, рече Ѓоргиев.

Според негови информации депонијата била запалена од неодговорни граѓани, кои таму се движат, а пожарот бргу се проширил. рт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маж со огнено оружје пукал кон основнo училиште во Виница

Украинка со автомобил удрила пешак во Битола

Акциска контрола во угостителски објекти во гостиварско, затекнати 14 странски државјанки