Утрински Весник
Свет

Пожарот кај Бар под контрола, огнот кај Котор се доближил до куќите

Пожарот кај Црвена плажа во Бар е ставен под контрола, изјави заменик-командантот на Службата за заштита и спасување на Црна Гора, Ацо Вулетиќ, посочувајќи дека две лица се повредени кои помагале во гаснењето. Во меѓувреме избувна пожар кај Котор, а пожарот над Каменар го гаси хеликоптерот на МУП.

dobivaj vesti na viber

Заменик-командантот на Службата за заштита и спасување Котор, Едуард Ковачиќ за Радио Котор изјавил дека на таа локација се испратени сите расположливи противпожарни сили и дека помош даваат и членовите на Доброволното противпожарно друштво „Богољуб Брезиќ“ од Пераст.

„Пожарот се доближи до куќите, но засега ситуацијата е под контрола“, рекол Ковачиќ.

Во моментов, освен во Дражин врв, активни пожари има и во Костањица, Мориње и Бијела, како и во пожарното подрачје над Каменар.

„Станбените згради во оваа област не се загрозени“, рече Ковачиќ.

Пожарот над Каменар во моментов се гаси од воздух со противпожарен авион од типот „Ер Трактор АТ-802“ на МУП на Црна Гора, бидејќи хеликоптерите ВЦГ кои вчера ги гаснеа пожарите во Бока утрово се пренасочени на гаснење на големиот пожар меѓу Сутоморе и Бар.

Големиот пожар кај Бар е ставен под контрола, пренесуваат тамошните медиуми.

„Нашите екипи се се уште на терен и ги држат под контрола граничните рабови на пожарот. Куќите се безбедни, луѓето се безбедни, нема материјална штета на објектите. Пожарникар и граѓанин се полесно повредени, нивната состојба е стабилна“, изјавил Вулетиќ.

Сообраќајот од Шушње кон Сутоморе е повторно воспоставен, јавува РТЦГ и потсетува дека во средата поголем пожар ја зафати областа над Црвена Плажа меѓу Бар и Сутоморе.

Во гаснењето на пожарот биле вклучени хеликоптери на Армијата на Црна Гора.

Вулевиќ за Бар инфо изјавил дека ситуацијата околу пожарот е „малку порелаксирана“.

„Благодарение на брзата акција и солидарноста, во гаснењето на пожарот учествуваа повеќе од 100 пожарникари со 47 возила. Утрово ситуацијата е многу подобра од синоќа, пожарот е ставен под контрола освен во делот кој бара интервенција и гаснење од воздух“, изјавил Вулевиќ.

Можете да прочитате

Руски воени бродови впловија во Црвено Море

Во Франција за Велигден зголемено присуството на полицијата пред црквите

Палестинската управа формира нова влада