Утрински Весник
Култура

„Поетски дефиниции на нештата“ од Емилија Авгинова

„Поетски дефиниции на нештата“ од Емилија Авгинова

Во поетската едиција на издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје се појави поетската книга „Поетски дефиниции на нештата“ од современата бугарска поетеса Емилија Авгинова.

Поезијата на Авгинова е целосно упатена кон откривање на поетскиот наратив во сè што нè опкружува и во сè што може да проблесне со онтологијата на своето суштествување. На тој начин, 60-ината песни од книгата на Авгинова ги допираат минорните, дневните и минливите животни драми на човекот, осветлувајќи и озвучувајќи го со поетска дефиниција. Исто така, во еден мисловен и филозофски пандан се отсликани и космичките, недосегливите и заумните прашања за постоењето
воопшто. Песните од книгата се своевидни медалјони претопени и преобликувани од нежната, немирна и божествена духовност на поетесата.

Препевот на книгата од Авгинова на македонски е на Бранко и Владимир Цветкоски. Инаку Авгинова е поетеса, универзитетски професор на Универзитетот „Св. Св. Кирил и Методиј“ во Велико Трново, докажан преведувач на значајни дела од новогрчки јазик и руски јазик и активен истражувач на теми и современи проекти од областа на компаративната и компјутерската лингвистика.

Текстот „Поетски дефиниции на нештата“ од Емилија Авгинова е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“